СВЕДОШТВА

  Никица Мојсоска Блажевски, декан на факултетот за деловна економија и ораганизациони науки
Обуката развива вештини за структуирано носење на ефективни и оптимални одлуки. Вептини кои се многу битни за мојот личен и професионален развој меѓутоа и за организацијата во која што работам. 
________________________

Се одлучив за оваа обука од две причини, едната е континуирана едикација, односно секоја година да имаме обука на тема која е применлива во праксата и искуството предходно е дека секогаш праксата и искуството не е доволно за напредување и совладување на овие методи во работата на мцмс
________________________





„Корисна обука, добро конципиран и презен-тиран материјал, а стекнатото знаење практично применливо.“
М-р Душица Антовска, Директор на Дирекција за управување со ризици, ТТК Банка АД Скопје

________________________

„Преку изборот на банкарски теми и работата во E-views со податоци се добива одлично практично знаењe.“ - М-р Елена Мучева, Аналитичар во Отсек за финансиска стабилност, Народна банка на Македонија

________________________



„Единствен курс од ваков вид во Македонија ... голема инвестиција и одлична надградба на знаењата кои наоѓаат широка примена.“
М-р Тања Дрвошанова-Елисковска, Аналитичар во Дирекција за банкарство на мало, Стопанска Банка АД Скопје

Професионални обуки

Корпоративно истражување

Крум Ефремов
Доц. д-р Крум Ефремов е доктор по економски науки, кој на Универзитетот Американ Колеџ Скопје предава предмети од областа на маркетингот и меѓународниот бизнис. Од 2008 година работи во Министерството за надворешни работи на Република Македонија како Директор на директоратот за економска дипломатија, а од 2014 година е специјален советник на министерот во Министерството за надворешни работи на Република Македонија. Неговата стручност е надополнета со работното искуство во бизнис секторот, но и како државен советник за меѓународна соработка и евроинтеграции во Министерството за економија. Тој беше Главен преговарач на РМ во преговорите за склучување на Договорот за изменување и пристапување кон ЦЕФТА, пpeтседавач на работната група за трговија на Пактот за стабилност и член во Комитетот за избор на експерти за Секретаријатот на ЦЕФТА, претседавач на мешовитиот комитет по Договорот за економско-трговска соработка со НР Кина.