СВЕДОШТВА

  Никица Мојсоска Блажевски, декан на факултетот за деловна економија и ораганизациони науки
Обуката развива вештини за структуирано носење на ефективни и оптимални одлуки. Вептини кои се многу битни за мојот личен и професионален развој меѓутоа и за организацијата во која што работам. 
________________________

Се одлучив за оваа обука од две причини, едната е континуирана едикација, односно секоја година да имаме обука на тема која е применлива во праксата и искуството предходно е дека секогаш праксата и искуството не е доволно за напредување и совладување на овие методи во работата на мцмс
________________________





„Корисна обука, добро конципиран и презен-тиран материјал, а стекнатото знаење практично применливо.“
М-р Душица Антовска, Директор на Дирекција за управување со ризици, ТТК Банка АД Скопје

________________________

„Преку изборот на банкарски теми и работата во E-views со податоци се добива одлично практично знаењe.“ - М-р Елена Мучева, Аналитичар во Отсек за финансиска стабилност, Народна банка на Македонија

________________________



„Единствен курс од ваков вид во Македонија ... голема инвестиција и одлична надградба на знаењата кои наоѓаат широка примена.“
М-р Тања Дрвошанова-Елисковска, Аналитичар во Дирекција за банкарство на мало, Стопанска Банка АД Скопје

Професионални обуки

Корпоративно истражување

Tихомир Петрески и М-р Ивана Трајаноска
 
Tихомир Петрески, сопственик и менаџер на компанијата Петрески и Партнери, која од 2009 година активно работи во сферата на деловните менаџмент и финансиски консалтинг активности кон клиентите на друштвото во Македонија и поширокиот регион. Во периодот од 1996 до 2008 година стекнува огромно професионално искуство во доменот на комерцијалното работење и генералниот менаџмент како менаџер во системите на Кока-Кола и Хајнекен во регионот. Во 2010 година, станува активен соработник и консултант на Девелор Интернацонал, една од водечките компании за ХР конслатинг во регионот на Централна и Источна Европа.

М-р Ивана Трајаноска предава деловна комуникација на англиски и македонски јазик на Универзитетот Американ колеџ Скопје од 2007. Од 2009 година е дел од интернационалниот проект Глобално разбирање предводен од Универзитетот во Источна Каролина, САД во рамки на кој предава интеркултурна комуникација. Магистрирала на Универзитетот Пол Валери во Франција во 2007 година каде сега е докторанд. Има објавено неколку стручни трудови и еден роман.