СВЕДОШТВА

  Никица Мојсоска Блажевски, декан на факултетот за деловна економија и ораганизациони науки
Обуката развива вештини за структуирано носење на ефективни и оптимални одлуки. Вептини кои се многу битни за мојот личен и професионален развој меѓутоа и за организацијата во која што работам. 
________________________

Се одлучив за оваа обука од две причини, едната е континуирана едикација, односно секоја година да имаме обука на тема која е применлива во праксата и искуството предходно е дека секогаш праксата и искуството не е доволно за напредување и совладување на овие методи во работата на мцмс
________________________





„Корисна обука, добро конципиран и презен-тиран материјал, а стекнатото знаење практично применливо.“
М-р Душица Антовска, Директор на Дирекција за управување со ризици, ТТК Банка АД Скопје

________________________

„Преку изборот на банкарски теми и работата во E-views со податоци се добива одлично практично знаењe.“ - М-р Елена Мучева, Аналитичар во Отсек за финансиска стабилност, Народна банка на Македонија

________________________



„Единствен курс од ваков вид во Македонија ... голема инвестиција и одлична надградба на знаењата кои наоѓаат широка примена.“
М-р Тања Дрвошанова-Елисковска, Аналитичар во Дирекција за банкарство на мало, Стопанска Банка АД Скопје

Професионални обуки

Корпоративно истражување

Марјан И. Бојаџиев и Македонка Димитрова
 Марјан И. Бојаџиев е Ректор на УАКС од 2010 година. Како искусен менаџер и поранешен директор на неколку средни компании и банки во Македонија и зад себе има богато искуство во водење на вработените како најважен ресурс особено во услужните компании. Тој е претприемач, визионер и лидер, член на преку 20 меѓународни професионални организации и професор по Организациско однесување, Лидерство, Продажен менаџмент и Меѓународен бизнис.

 

Македонка Димитрова има 19 години работно искуство од кои 10 на раководни позиции во меѓународни компании и организации, НВО и високо образование. Таа е асистент по предмети од област на менаџмент и Директор на Институтот за претприемништво и лидерски развој на УАКС. Истражувачката дејност ја реализира во домен на претприемништво и развој на семејни бизниси. Димитрова е амбасадор на Енерги Глоуб за Македонија.