СВЕДОШТВА

  Никица Мојсоска Блажевски, декан на факултетот за деловна економија и ораганизациони науки
Обуката развива вештини за структуирано носење на ефективни и оптимални одлуки. Вептини кои се многу битни за мојот личен и професионален развој меѓутоа и за организацијата во која што работам. 
________________________

Се одлучив за оваа обука од две причини, едната е континуирана едикација, односно секоја година да имаме обука на тема која е применлива во праксата и искуството предходно е дека секогаш праксата и искуството не е доволно за напредување и совладување на овие методи во работата на мцмс
________________________





„Корисна обука, добро конципиран и презен-тиран материјал, а стекнатото знаење практично применливо.“
М-р Душица Антовска, Директор на Дирекција за управување со ризици, ТТК Банка АД Скопје

________________________

„Преку изборот на банкарски теми и работата во E-views со податоци се добива одлично практично знаењe.“ - М-р Елена Мучева, Аналитичар во Отсек за финансиска стабилност, Народна банка на Македонија

________________________



„Единствен курс од ваков вид во Македонија ... голема инвестиција и одлична надградба на знаењата кои наоѓаат широка примена.“
М-р Тања Дрвошанова-Елисковска, Аналитичар во Дирекција за банкарство на мало, Стопанска Банка АД Скопје

Професионални обуки

Корпоративно истражување

Марјан И. Бојаџиев,Ана Томовска-Мисоска и Миодрага Стефановска – Петковска
 Марјан И. Бојаџиев е креатор на инструментот за мерење на организациската усогласеност Vox Organizationis. Како искусен менаџер и поранешен директор на неколку средни компании и банки во Македонија и зад себе има богато искуство во водење на вработените како најважен ресурс особено во услужните компании. Тој е претприемач, визионер и лидер, член на преку 20 меѓународни професионални организации и професор по Организациско однесување, Лидерство, Продажен менаџмент и Меѓународен бизнис.

 

Ана Томовска-Мисоска е шеф на катедрата менаџмент на УАКС и професор по преметите Менаџмент на човечки ресурси, Психологија и Однесување на потрошувачите. Нејзиното познавање на оваа материја доаѓа од детално академско проучување на човечките ресурси, но и постојан контакт со бизнис заедницата каде се поврзуваат теоријата со практиката. Освен тоа, таа има докторат во областа на психологијата.

 

 

Миодрага Стефановска – Петковска е професор на УАКС на предметите Организациско однесување, Методи на истражување и Социологија. Миодрага е дел од Vox Organizationis тимот и таа учествува во креирање како и во спроведување на инструментот во компаниите и организациите. Нејзиното формално образование вклучува докторат во областа на социологија.