СВЕДОШТВА

  Никица Мојсоска Блажевски, декан на факултетот за деловна економија и ораганизациони науки
Обуката развива вештини за структуирано носење на ефективни и оптимални одлуки. Вептини кои се многу битни за мојот личен и професионален развој меѓутоа и за организацијата во која што работам. 
________________________

Се одлучив за оваа обука од две причини, едната е континуирана едикација, односно секоја година да имаме обука на тема која е применлива во праксата и искуството предходно е дека секогаш праксата и искуството не е доволно за напредување и совладување на овие методи во работата на мцмс
________________________





„Корисна обука, добро конципиран и презен-тиран материјал, а стекнатото знаење практично применливо.“
М-р Душица Антовска, Директор на Дирекција за управување со ризици, ТТК Банка АД Скопје

________________________

„Преку изборот на банкарски теми и работата во E-views со податоци се добива одлично практично знаењe.“ - М-р Елена Мучева, Аналитичар во Отсек за финансиска стабилност, Народна банка на Македонија

________________________



„Единствен курс од ваков вид во Македонија ... голема инвестиција и одлична надградба на знаењата кои наоѓаат широка примена.“
М-р Тања Дрвошанова-Елисковска, Аналитичар во Дирекција за банкарство на мало, Стопанска Банка АД Скопје

Професионални обуки

Корпоративно истражување

Игор Величковски
Д-р Игор Величковски е директор на Дирекцијата за платни системи при Народната банка на Република Македонија од јуни 2013 година. Својата професионална кариера ја започнува во 2000 година во Народната банка на Република Македонија во областа на спроведувањето на монетарната политика и финансиските пазари. Во 2005 е избран за раководител на Отсекот за операции на отворен пазар, а од 2011 година до 2013 година ја извршува функцијата заменик директор на Дирекцијата за операции на финансиски пазари. Величковски има завршено основни и постдипломски студии на Економскиот факултет во Скопје, а докторирал на Универзитетот Стафордшир во Велика Британија во 2010 година. Од 2011 година е супервизор на докторанти на Универзитетот Стафордшир, а во 2012 година е избран за доцент на Факултетот за бизнис, економија и менаџмент при Универзитетот Американ Колеџ Скопје, кадешто предава Монетарна политика и анализа и Меѓународни финансии. Особен истражувачки интерес покажува во областа на монетарната економија, финасиските пазари, ризиците и платните системи, за што има објавено трудови во домашни и меѓународни списанија и е добитник на награди, стипендии и проекти на меѓународно ниво.