СВЕДОШТВА

  Никица Мојсоска Блажевски, декан на факултетот за деловна економија и ораганизациони науки
Обуката развива вештини за структуирано носење на ефективни и оптимални одлуки. Вептини кои се многу битни за мојот личен и професионален развој меѓутоа и за организацијата во која што работам. 
________________________

Се одлучив за оваа обука од две причини, едната е континуирана едикација, односно секоја година да имаме обука на тема која е применлива во праксата и искуството предходно е дека секогаш праксата и искуството не е доволно за напредување и совладување на овие методи во работата на мцмс
________________________





„Корисна обука, добро конципиран и презен-тиран материјал, а стекнатото знаење практично применливо.“
М-р Душица Антовска, Директор на Дирекција за управување со ризици, ТТК Банка АД Скопје

________________________

„Преку изборот на банкарски теми и работата во E-views со податоци се добива одлично практично знаењe.“ - М-р Елена Мучева, Аналитичар во Отсек за финансиска стабилност, Народна банка на Македонија

________________________



„Единствен курс од ваков вид во Македонија ... голема инвестиција и одлична надградба на знаењата кои наоѓаат широка примена.“
М-р Тања Дрвошанова-Елисковска, Аналитичар во Дирекција за банкарство на мало, Стопанска Банка АД Скопје

Професионални обуки

Корпоративно истражување

НАШИОТ ТИМ
 

Марјан Петрески
е раководител на UACS Enterprise и проректор за научно-истражувачка работа на Универзитет Американ Колеџ Скопје. Марјан е применет економетричар со неколкугодишно работно и истражувачко искуство. Работел во Министрарството за финансии, во одделот за микроекономско моделирање и проектирање, и во Народна банка на Република Македонија во одделот за моделирање на финансиски ризици и финансиска стабилност. На УАКС, Марјан предава предмети од областа на статистиката, економетријата и макроекономијата и е одговорен за истражувачкиот процес. Добитник е на наградите Млад научник на годината 2009 од МАНУ, Olga Radzyner 2010 од Австриската Народна банка и Japanese Award of Outstanding Research on Development 2013 од Владата на Јапонија. Марјан е Career Integration Fellow на CERGE-El Прага, како и надворешен консилтант на Светска банка и Обединети Нации.


Марко Андонов е помошник-раководител на UACS Enterprise и декан на Факултетот за правни науки при Универзитет Американ колеџ Скопје. Марко е доктор на правни науки од областа на деловното право. Негов потесен предмет на научен интерес е трудово-правната проблематика, како и компаниското право, при што неговата стручна експертиза од предметните области е користена од повеќе компании и други правни лица.Помеѓу другото, во моментот е и едукатор во Академијата за обука на судии и јавни обвинители на Р.М од областа на трудовото право и трговското право. Во рамки на едукативните активности има одржано и повеќе обуки и семинари во повеќе едукативни центри. Член е и на уредувачкиот одбор на стручното списание”Правник”.


Љубица Короскоска е административен координатор на UACS Enterprise и менаџер за логистика и настани при Универзитет Американ колеџ Скопје. Љубица е дипломиран економист во областа на маркетингот, професионалното искуство го стекнува преку развивање и имплементирање на неколку проекти, развој и спроведување на рекламни кампањи, развој на продажни канали, промотивни активности и логистика во изминатите 7 години. Член е на одборот на директори во Здружението за подобро образование во Скопје чија основна цел е подобрување на образовниот систем на Р.М.




Ана Крлеска е продукт специјалист во UACS Enterprise, воедно и координатор за човечки ресурси на Универзитет Американ Колеџ Скопје. Таа има додипломски студии во областа на меѓународни односи и дипломатија и магистерски студии во бизнис администрација. Освен тоа, Ана Крлескаима практично искуство во дизајнирање на обуки како проект специјалист на тимот Vox Organizationis. Со нејзиното практично искуство таа придонесува во делот на дизајнирање на обуки за UACS Enterprise.





Рахела Евтимова Цветановски е координатор за продажба на UACS Enterprise и главен координатор за комуникации на Универзитет Американ Колеџ Скопје. Рахела е дипломиран психолог кој 7 години работи во полето на комуникации, маркетинг и продажба. Професионалната надоградба во интернационален маркетинг и продажба ја усовршува преку неколкугодишната соработката со брендови како: Microsoft ,HR, Adobe, Autodesk, Measure UP и IC3.