СВЕДОШТВА

  Никица Мојсоска Блажевски, декан на факултетот за деловна економија и ораганизациони науки
Обуката развива вештини за структуирано носење на ефективни и оптимални одлуки. Вептини кои се многу битни за мојот личен и професионален развој меѓутоа и за организацијата во која што работам. 
________________________

Се одлучив за оваа обука од две причини, едната е континуирана едикација, односно секоја година да имаме обука на тема која е применлива во праксата и искуството предходно е дека секогаш праксата и искуството не е доволно за напредување и совладување на овие методи во работата на мцмс
________________________





„Корисна обука, добро конципиран и презен-тиран материјал, а стекнатото знаење практично применливо.“
М-р Душица Антовска, Директор на Дирекција за управување со ризици, ТТК Банка АД Скопје

________________________

„Преку изборот на банкарски теми и работата во E-views со податоци се добива одлично практично знаењe.“ - М-р Елена Мучева, Аналитичар во Отсек за финансиска стабилност, Народна банка на Македонија

________________________



„Единствен курс од ваков вид во Македонија ... голема инвестиција и одлична надградба на знаењата кои наоѓаат широка примена.“
М-р Тања Дрвошанова-Елисковска, Аналитичар во Дирекција за банкарство на мало, Стопанска Банка АД Скопје

Професионални обуки

Корпоративно истражување

ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ
Еднодневна обука на тема:

"ОТКАЖУВАЊЕ НА ДОГОВОРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ СОГЛАСНО СО ДОМАШНОТО ТРУДОВО ЗАКОНОДАВСТВО И НОВИНИТЕ ВО ЗАКОНОТ ЗА РАБОТНИ ОДНОСИ ОД 2013


Универзитет Американ Колеџ Скопје

Април,Мај, Јуни  2014

Краток опис на обуката


Во рамки на обуката, првенствено ќе биде направен приказ на суштинските карактеристики на договорот за вработување. Притоа, ќе биде посветено посебно внимание на содржинскиот аспект на самиот договор. Ова особено се наметнува како потреба, имајќи ги предвид искуствата на предавачите на оваа обука, во однос на различните пристапи кои ги имаат работодавачите при склучувањето на договорите за вработување. Оттука, ќе биде направена корелацијата меѓу договорот за вработување и неговото откажување, при што ќе бидат опфатени сите основи предвидени во Законот за работни односи. Oткажувањето на договорот за вработување поради кршење на работниот ред и дисциплина претставува еден од најсуптилните начини на престанок на работниот однос. Несомнено, овој основ предвиден во Законот за работни односи е најприсутен во домашната правна пракса, резултирајќи со голем број индивидуални откази.

Цели на обуката

Предавач

Марко Андонов

Марко Андонов е помошник-раководител на UACS Enterprise и декан на Факултетот за правни науки при Универзитет Американ колеџ Скопје. Марко е доктор на правни науки од областа на деловното право. Во рамки на едукативните активности има одржано и повеќе обуки и семинари во повеќе едукативни центри. Член е и на уредувачкиот одбор на стручното списание”Правник”.

ПредавањеВидео