СВЕДОШТВА

  Никица Мојсоска Блажевски, декан на факултетот за деловна економија и ораганизациони науки
Обуката развива вештини за структуирано носење на ефективни и оптимални одлуки. Вептини кои се многу битни за мојот личен и професионален развој меѓутоа и за организацијата во која што работам. 
________________________

Се одлучив за оваа обука од две причини, едната е континуирана едикација, односно секоја година да имаме обука на тема која е применлива во праксата и искуството предходно е дека секогаш праксата и искуството не е доволно за напредување и совладување на овие методи во работата на мцмс
________________________





„Корисна обука, добро конципиран и презен-тиран материјал, а стекнатото знаење практично применливо.“
М-р Душица Антовска, Директор на Дирекција за управување со ризици, ТТК Банка АД Скопје

________________________

„Преку изборот на банкарски теми и работата во E-views со податоци се добива одлично практично знаењe.“ - М-р Елена Мучева, Аналитичар во Отсек за финансиска стабилност, Народна банка на Македонија

________________________



„Единствен курс од ваков вид во Македонија ... голема инвестиција и одлична надградба на знаењата кои наоѓаат широка примена.“
М-р Тања Дрвошанова-Елисковска, Аналитичар во Дирекција за банкарство на мало, Стопанска Банка АД Скопје

Професионални обуки

Корпоративно истражување

КАКО ДА ИЗГРАДИТЕ УСПЕШНИ ТИМОВИ – на Харвард начин!
 Научете што е потребно за да имате успешен тим преку студија на случај од Харвард - Army Crew Business Case

Времетраење: 5 часови (10:00 – 15:00)

Учесници: најмалку 10, најмногу 20

Локација: Универзитет Американ Колеџ Скопје. Постои опција за in-house тренинг.

Потребни ресурси: Секој од учесниците ќе добие Army Crew – Harvard business case.

Јазик на тренингот: Англиски или македонски.

Преглед на тренингот

Army Crew е интерактивна студија на случај развиена од тимот на Харвард бизнис факултетот за полесно да се сфатат: динамиката на тимовите, важноста на улогите во тимот и перцепцијата за улогите во тимот, делегирањето одговорности, формални и неформални тимови, довербата како фактор кој влијае на изведбата, позитивни и негативни спирали кои влијаат на изведбата на тимовите и начини како да се спречат или охрабрат и слично.

Тренингот е поделен во два дела и тоа:

1) дискусија за студијата на случај и развивање на можни сценарија и решенија

2) поврзаност на студијата на случај со реални ситуации во работењето и креирањето на тимови

 

За експертите

Марјан И. Бојаџиев е Ректор на УАКС од 2010 година. Како искусен менаџер и поранешен директор на неколку средни компании и банки во Македонија и зад себе има богато искуство во водење на вработените како најважен ресурс особено во услужните компании. Тој е претприемач, визионер и лидер, член на преку 20 меѓународни професионални организации и професор по Организациско однесување, Лидерство, Продажен менаџмент и Меѓународен бизнис.

Миодрага Стефановска – Петковска е професор на УАКС на предметите Организациско однесување, Методи на истражување и Социологија. Миодрага е дел од Vox Organizationis тимот и таа учествува во креирање како и во спроведување на инструментот во компаниите и организациите. Нејзиното формално образование вклучува докторат во областа на социологија.

 

 

Преглед на тренингот

Предавач

Марјан И. Бојаџиев и Миодрага Стефановска – Петковска

ПредавањеВидео